Ferrari Logo
Passion for Excellence

CYBEX за Scuderia Ferrari

Scuderia Ferrari е епитом за возење уште од 1947 година, кога излезе и првото Ferrari од фабриката Via Abetone Inferiore во Маранело. Со голема пасија кон автомобилите и тркањето, основачот на Ferrari, Еnzo Ferrari, верува дека моторот е жив внатре во неговите автомобили. За волја на вистината, неговите мотори "имаа душа".

Овој неконвенционален визионер, се потруди секое Ferrari да биде дизајнирано со апсолутна посветеност на преформансите на возење и со тоа направи Scuderia Ferrari да стане легенда во историјата на тркање и едно од најпосакуваните возила во светот.

Како лидер во областа на детската безбедност и детски производи, CYBEX има можност, директно од Scuderia Ferrari, да го преточи дизајнот и боите врз своите производи. Резултатот е уникатна колекција со беспрекорен дизајн, премиум финиши, иновативни технолошки решенија и огромен комфор.

CYBEX колекцијата Scuderia Ferrari на седишта, колички и кенгури е директно наследство на Ferrari: спој на неговата грандиозност, уникатност и високи перформанси. Од тркачките писти, директно на улиците - колекцијата Scuderia Ferrari на CYBEX го следи патот на модерните родители.

CYBEX за Scuderia Ferrari

Платинум колекција

Платинум/Премиум Off-Track линијата нуди современ дизајн, сребрено сива и црна палета бои, и премиум финиши. Ентериер од материјали налик на кожени за поголем комфор.

Погледнете ја колекцијата

CYBEX за Scuderia Ferrari

Gold Колекција

Производите на CYBEX за Scuderia Ferrari Gold линијата се карактеризира со модерен и лежерен дизајн, мрежест материјал за спортски изглед и тркачка црвена боја како и победничка црна.

Погледнете ја колекцијата

CYBEX за Scuderia Ferrari

Силвер Колекција

CYBEX за Scuderia Ferrari линијата се карактеризира со тркачкиот дух на Ferrari, лесен дизајн и високо-квалитетни материјали.

Погледнете ја колекцијата

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо