CYBEX

Кои сме ние

CYBEX нуди седишта за во автомобил, носилки за бебиња - кенгури, детски мебел и колички кои не само што се безбедни туку се и совршено адаптирани на урбаниот начин на живот.

Во центар на брендот и развојот на производите стои CYBEX D.S.F. Принцип на Иновација: комбинацијата од уникатен Дизајн (Design), ненадмината Безбедност и квалитет (Safety), и интелигентна Функционалност (Functionality). Оваа тројна стратегија не само што допринесе во развивањето на наградувани и први од тој тип седишта како Sirona rear-facing (свртено кон назад) туку и е заслужна за досега девет награди за дизајн (Red Dot Design Awards)

Постојано надминувајќи го статус кво и без страв од воведување нови предизвици во фирмата, CYBEX не само што постана лидер во безбедноста на децата, на него се гледа и како на иновативен и модерен бренд кој го следи животниот стил на луѓето. Со неговиот несекојдневен пристап, CYBEX дизајнира производи кај кои безбедноста, дизајнот и функционалноста се соединуваат.

На почетокот на 2014 година, германската компнија CYBEX се спои со Goodbaby International Holdings Limited. Goodbaby е една водечките светски компании за производство на трајни и квалитетни производи за деца, со седиште во Кина. Со импресивна база на податоци добиена од 25 годишното истражување, развивање, дизајнирање и тестирање на производството, Goodbaby ги поставува глобалните стандарди за безбедност, иновација, дизајн и производство.

Погледнете повеќе на нашиот сајт:

http://www.gbinternational.com.hk

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо