Solution X-Fix
Solution X-Fix седиште за автомобил
CYBEX Solution X-Fix е прогласен за победник на тестот во група 2/3 според водечката организација на независни потрошувачи за тестирање, Stiftung Warentest (06/2009) и е добитник на бројни награди од најреномираните Европски институции за тестирање.
Безкомпромисна безбедност
Покрај патентираниот наслон за глава кој може да се накоси во 3 позиции и кој спречува главата на детето да паѓа нанапред додека спие, седиштето е опремено и со ISOFIX Connect системот кој дополнително ја зголемува сигурноста и стабилноста. L.S.P. системот ја апсорбира енергијата во случај на страничен удар во рана фаза и ја штити чувствителната област околу главата и рамената на детето. Може да се користи и во автомобили кои немаат ISOFIX.