Solution X - Функции

Наслон за глава со навалување во 3 позиции

Патентираниот наслон за глава на CYBEX, нуди оптимална заштита на детето во случај на страничен судар. Револуционерната технологија го пренасочува балансот на детето кон назад додека тоа заспива или пак кога спие и главата останува во безбедната зона на седиштето.

L.S.P. System

Линеарно страничната заштита од удар (L.S.P.System) овозможува дополнителна заштита при страничен судар. Линеарно страничната заштита од удар систематски ја апсорбира силата на удар при страничен судар во линеарни серија реакции со помош на штитниците за глава и рамена. Истовремено, кинетичката енергија на телото настаната при сударот се апсорбира во рана фаза и главата се поместува во сигурна положба.

Подесување на висина во 11 позиции

Подесување на висината во 11 позиции за максимална безбедност. Подесувањето на висината во 11 позиции дозволува седиштето да расте со детето и долго да се користи.