Sirona S i-Size - Функции

360° Ротирачки механизам

Паметниот 360° ротирачки механизам го олеснува секојдневието на родителите. Иновативниот 360° ротирачки механизам на Sirona S i-Size го олеснува менувањето на положбата на седиштето од свртено кон назад до свртено кон напред. Дополнително, го олеснува во голема мера ставањето на детето во автомобилот.

Седиште свртено кон назад

Значително го намалува ризикот од повреди во случај на фронтален судар. Sirona S i-Size е наменета за превезување на деца во автомобил свртени кон назад од раѓање до висина на детето од 105 цм (до 18 килограми, приближно 4 години). Во зависност од Вашата желба, Sirona S i-Size може да се користи и свртена кон напред, доколку детето е мин 76 цм долго и 16 месеци старо.

Контрола на Правец на Возење (DRIVING DIRECTION CONTROL)

Спречува неправилно користење на седиштето, односно, спречува седиштето да се сврти кон напред сѐ додека детето не постигне должина од 76 цм. Спречува неправилно користење на седиштето, односно, спречува седиштето да се сврти кон напред сѐ додека детето не постигне должина од 76 цм.

Технологија за Редукција на енергијата (ENERGY REDUCTION TECHNOLOGY)

Го намалува притисокот на вратот во случај на фронтален судар (кога е свртено кон напред) Технолигијата за Редукција на Енергијата на Sirona S i-Size ја зголемува безбедноста на детето кога е седнато свртено кон напред, во случај на фронтален судар. Во споредба со веќе постоечките системи на врзување, ваквата технологија, за 20% повеќе ја намалува силата при фронтален удар која го оптоварува вратот.

Интегриран Линеарен систем на Странична заштита (L.S.P. system)

Се истегнува кон страната на вратата од автомобилот. Интегрираниот L.S.P. System на Sirona S i-Size овозможува зголемена безбедност при страничен судар и ја намалува силата од ударот за 25%.

Наслон за глава со подесување на висина

12 положби на наслонот за глава.

Инсталација на клик со isofix

Инсталацијата на еден клик со ISOFIX го олеснува поставувањето на седиштето во автомобилот и гарантира зголемена безбедност. Sirona S i-Size се инсталира на ISOFIX системот од автомобилот и не е потребно дополнително врзување. Индикаторот за инсталација на седиштето Ви покажува дали тоа е правилно поставено.

Школка со моќ за апсорбција на енергијата

Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето.

Држач за ремен

Го олеснува вадењето на детето од седиште.

Функција на спуштање на седиштето со една рака

Лесно доаѓате до саканата положба (седиште свртено кон назад: 5 положби; свртено кон напред: 3 положби).