Sirona Q i-Size - Функции

Лесно седнување и станување од седиштето

360 степената ротација го олеснова ставањето и вадењето на бебето од седиштето. Ротациониот механизам овозможува лесно менување на положбата од свртено кон назад до свртено кон напред, без да мора да го вадите седиштето.

Инсталација на клик со isofix

Инсталацијата на еден клик со ISOFIX и во двете положби, овозможува лесно поставување на седиштето и ја зголемува безбедноста. Sirona Q i-Size се прицврстува со помош на ISOFIX од автомобилот и не е потребно дополнително врзување.

Седиште-до-шасија технологија

Иновативната седиште-до-шасија технологија овозможува директна поврзаност меѓу автомобилот и детското седиште Во случај на несреќа, силата од ударот се трансферира директно на шасијата која ги активира безбедносните функции на автомобилот и процесот на дистрибуирање на силата започнува уште во првиот момент од ударот.

Телескопски L.S.P. System

Телескопскиот систем за линеарна заштита од страничен удар (L.S.P. System), ја апсорбира силата од ударот во рана фаза (патент во изработка). Било во кој правец да е свртено седиштето, телескопскиот L.S.P. System може да се прилагоди и со тоа да се зголеми безбедноста во случај на страничен судар. Системот се прилагодува на позицијата на седиштето и на типот на автомобил, и заедно со штитниците за глава и рамена, ја апсорбира силата настаната при страничниот судар (патент во изработка).

Алтернативно - положба во која детето е свртено кон напред

Зависно од големината, постарите деца може да имаат недостиг од простор кај нозете доколку седиштето е свртено кон назад. Според Ваша желба, Sirona Q i-Size може да се употребува и свртено кон напред за деца кои се стари 16 месеци и долги 76 см и повеќе. (до 105 см)

Прво i-Size седиште за во автомобил кое има штит

Прилагодливиот штит со A.R.T. (Active Response Technology ) Технологија го намалува ризикот од сериозни повреди на вратот без притоа да го ограничува движењето на детето. Благодарение на интегрираниот систем за врзување, нема веќе потреба штитот посебно да се врзува. Доколку седиштето е свртено кон напред, детето е заштитено со помош на прилагодливиот штит. Овој систем работи како воздушно перниче, и ја апсорбира енергијата низ целата површина. Споредбено со конвенционалниот систем на врзување во 5 точки, оптоварувањето на вратот е значително намалено. Благодарение на новата A.R.T. Технологија (Active Response Technology), штитот го држи детето во сигурната зона на седиштето (патент во изработка).

Бои и Ткаенини

Продолжувајќи ја традицијата на CYBEX за модерни бои, платинум седиштата за во автомобил се изработени во повеќе варијанти . Комфорна верзија: мека и пријатна комфорна верзија на платинум седиштата за во автомобил доаѓа во комбинација од 3 бои.