Sirona Q i-Size
Sirona Q седиште свртено кон назад
Новото седиште на CYBEX, Sirona Q i-Size е во согласност со новите Европски стандарди за седишта за деца ECE R-129. Новата i-Size регулатива, налага децата од 15 месеци и помалку да се возат во седишта свртени обратно од правецот на возење. Ваквиот начин на превезување на децата се смета дека е најсигурен и најбезбеден според многу експерти вклучително и ADAC и Stiftung Warentest.
Безбедно возење свртено кон назад до 18 кг
Кога го користите седиштето на CYBEX, Sirona Q i-Size, детето може безбедно да се превезува во положба свртено кон назад се додека достигне висина од 105 сантиметри. Новиот дизајн им овозможува и на повисоките деца да имаат доволно место. Не зафаќа премногу простор во автомобилот и може да се инсталира и во помали возила.