Sirona M2 i-Size

Информации за производот

  • Должина:

    720 мм

    Ширина:

    440 мм

    Висина:

    660 мм

  • Тежина:

    14 кг

  • Одржување:

    Навлаките се перат во машина на 30°

  • Што добивате:

    Седиште за во автомобил со вклучена база, Перниче за новороденчиња, ISOFIX насочувачи

  • Развиено и дизајнирано во Германија

    Развиено и дизајнирано во Германија

  • UN R129/02

     

Компатибилност со автомобилот

Дали ова седиште одговара за во мојот автомобил?

Сите наши производи се тестираат за компатибилност со најновите модели на возила. Доколку Вашето возило го нема на листата, Ве молиме контактирајте ја службата за поддршка на потрошувачи. Препорачуваме да се осигурате за правилната инсталација на седиштето кај Вашиот продавач. Особено треба да проверите дали возилото има ISOFIX конектори и да ја проверите должината на појасот на автомобилот бидејќи може да варира од возило до возило.

Одбери произведувач на автомобили

Модел Година Позиција за инсталирање
Прашајте

FAQ

Која е разликата меѓу Sirona и Sirona M i-Size?
Двете седишта се дизајнирани за транспорт на деца до 4 годишна возраст, свртени кон назад. Најголемата разлика помеѓу двете седишта: Sirona M i-Size е согласно барањата на новиот i-Size стандард. Sirona е одобрена според стандардот ECE-R 44/04. Другите разлики се во функционалноста и спецификациите: со Sirona M i-Size, детето е врзано со појас во 5 точки, било да е свртено кон напред или кон назад. Во случајот на Sirona, кога детето е свртено кон назад, го има истиот систем на врзување како со Sirona M i-Size, а кога е свртено кон напред детето се обезбедува со сигурносен штит. Менувањето на позицијата на седиштето кај Sirona е со помош на ротирачки механизам, додека пак кај Sirona M i-Size со употреба на систем на клик. Sirona може да се намести во 7 (свртено кон назад) и во 5 (свртено кон напред), положби на седење и лежење, а Sirona M i-Size има 3 (свртено кон напред) и 5 (свртено кон назад) положби. Страничните протектори кај Sirona се телескопски а кај Sirona M i-Size се извлечени. Сигурносната рамка кај нозете кај Sirona може да се отстрани додека пак кај Sirona M i-Size е вградена во седиштето. Sirona M i-Size има фиксирани перничиња за рамења и иникатор на потпорната ногарка кој покажува дали седиштето е правилно наместено. Sirona M i-Size доаѓа во 8 бои, а Sirona е достапна во 8 бои и 7 додатни Плус бои.
Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Ние од CYBEX, силно препорачуваме да го замените седиштето после било каква сообраќајка. Многу тенки пукнатини, невидливи за голо око може да се појават на пластиката. Овие пукнатини може да претсавуваат зголемена опсност и ризик.
Од која возраст може да се употребува Sirona M2 i-Size?
Од раѓање до висина од 105 цм (максимална телесна тежина: 19 кг). Ова кореспондира за деца на возраст од околу 4 години.
Која е максималната тежина за која може да се употребува Sirona M2 i-Size?
Максимално за деца до 19 кг.
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Ве молиме обратете се кај продавачот од каде сте го купиле Вашето CYBEX седиште. Тие ќе се погрижат за тоа.
Кога детето станува преголемо за Sirona M2 i-Size?
Sirona M2 i-Size се користи за деца со максимална висина од 105 цм и максимална телесна тежина од 19 кг. Зависно од висината на детето, Sirona M2 i-Size се користи до приближно 4 години.
Каде да најдам резервни делови?
Можете да нарачате кај дистрибутерот.За да најдете продавница близу вас одете на нашиот website: http://cybex-online.com/de/retailer.html
Дали Sirona M2 i-Size ќе ја собере во моето возило?
Треба да проверите дали е компатибилна со Вашето возило пред да ја купите. Ова е затоа што Sirona M2 i-Size се инсталира само со ISOFIX во автомобили кои се сертифицирани за i-Size или кои имаат ISOFIX точки за прицврстување. Погледнете ја листата на нашата веб страна за компатибилност со автомобили.
Можам ли да ја употребувам Sirona M2 i-Size во автомобил без ISOFIX точки за прицврстување?
Не, дизајнирана е само за автомобили кои се сертифицирани за i-Size или за автомобили со ISOFIX точки за прицврстување. Проверете на нашата веб страна дали Sirona M2 i-Size е компатибилна со Вашето возило.
Можам ли да ја употребувам Sirona M2 i-Size во автомобил без i-Size сертификација?
Sirona M2 i-Size може да се употребува во автомобили без i-Size сертификација но мора возилото да има ISOFIX точки за прицврстување. Пред да го купите седиштето, проверете дали е компатибилно со Вашион автомобил на нашата веб страна.
На кои аспекти треба да внимавам кога ја инсталирам Sirona M2 i-Size во автомобилот?
Sirona M2 i-Size го користи ISOFIX системот со точки за прицврстување. Овој систем се состои од две фиксирани метални прачки на секое седиште и се наоѓаат меѓу наслонот и седиштето на автомобилот. Инсталацијата е на еден клик во било која позиција да го ставите седиштето. Доколку базата е инсталирана правилно, промената на страната на седиштето е лесна и на клик. За да го инсталирате правилно, најпрво спуштете ја ногарката на Sirona M2 i-Size додека не се прицврсти на местото. Ослободете го механизмот за заклучување на двата ISOFIX конектори (можата да се сетираат посебно). Важно: ISOFIX конекторите мора да се вклопат во двете ISOFIX точки за прицврстување при што ќе чуете клик, а зелената боја на индикаторот мора да биде јасно видлива на двете ISOFIX копчиња. Потоа бутнете ја базата кон наслонот за грб сѐ додека седиштето не се израмни целосно. Повлечете ја потпорната ногарка додека не го допре подот на возилото. За да се обезбеди оптимална апсорбција на силата, потпорната ногарка мора да биде цврсто закотвена на подот. Тогаш индикаторот за потпорната ногарка на базата се менува во ЗЕЛЕНО со звучен клик. Ставете ја Sirona M2 i-Size на базата M i-Size во одбраниот правец. Осигурајте се дека двете прачки ќе се заклучат со гласен КЛИК. Проверете дали индикаторот на M i-Size базата се променил во ЗЕЛЕНО. Доколку е уште на ЦРВЕНО, седиштето не е ставено добро. Повторете ја процедурата доколку е потребно. Ако индикаторот е на ЗЕЛЕНО, Sirona M2 i-Size е правилно поставена.
Дали моето дете може да ги крене нозете на сигурносната рамка?
Релативно високите деца можат да си ги одмараат нозете на сигурносната рамка. Свиткувањето на нозете и колената не влијаат врз безбедноста. Сѐ додека детето има доволно место, ви препорачуваме да го користите седиштето Sirona M2 i-Size свртено кон назад, за да се намали притисокот на вратот, главата, рамењата и внатрешните органи во случај на судар.
Кога можам да ја сменам во позиција кон напред Sirona M2 i-Size?
Кога детето ќе има минимална висина од 76 цм и 16 месеци. Заради безбедносни причини, ви препорачуваме децата да се транспортираат свртени кон назад до 4 години.
Дали двата странични протектори/L.S.P. систем, треба да бидат извлечени на двете страни од автомобилот?
L.S.P., страничната заштита треба да биде извлечена кон најблиската врата каде Sirona M2 i-Size е поставена, били да е свртена кон напред или кон назад. Важно е да запомните дека само протекторот кој е најблиску до вратата треба да биде извлечен. Ако седиштето е инсталирано во средина, протекторите НИКАКО не смеат да бидат извлечени.
Како можам да ја променам позицијата на Sirona M2 i-Size во свртено кон напред?
Sirona M2 i-Size ви потенцираме дека би требало да се користи во позиција кон назад што е можно подолго заради максимална заштита. Кога детето нема да има повеќе место за носете во оваа позиција, тогаш опционално може да се сврти кон напред. За да го направите тоа, седиштето може да се ослободи со притискање на две копчиња на горниот и страничниот дел на базата, и повторно да се стави во позиција кон напред. За повеќе детали, погледнете го видеото со насоки за инсталација.
Можам ли да го користам седиштето со активирани странични воздушни перничиња?
Да, може.
Како да го осигурам моето дете во седиштето?
Sirona M2 i-Size детето се врзува со појас во 5 точки.
Зошто Sirona M2 i-Size не доаѓа со сигурносен штит (како Sirona)?
Sirona M2 i-Size е нов концепт кој им нуди на потрошувачите дополнителна опција при избор на систем на врзување. Родителите кои го преферираат појасот во 5 точки во позиција свртено кон напред сега имаат опција да купат седиште од CYBEX. Сепак препорачуваме децата да патуваат во позиција свртени кон назад што е можно подолго. Според нас, ова е најбезбедниот начин за транспорт на Вашето дете во автомобил.
Зошто Sirona M2 i-Size користи појас во 5 точки наместо во 3?
Одлуката за ваков ремен на Sirona M2 i-Size е базирана според следниве сигурносни аспекти: кога децата се мали, можно е да се лизнат од седиштето доколку не се врзани со појас во 5 точки. Ова може да се случи при судар, кога детето заспива или пак кога е многу активно. За да го спречиме тоа и да обезбедиме максимална заштита на Вашето дете при судар, Sirona M2 i-Size е опремена со ремен во 5 точки.
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?
Во моментов не знаеме. Инжињерите во CYBEX се во тесна соработка со експерти од други водечки брендови и институции кој се од областа на безбедноста на децата со цел да се развијат други производи. Веднаш штом CYBEX одлучи да произведе ново i-Size седиште, нашите планови ќе бидат објавени на website и на социјалните медиуми.

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо