Sirona M2 i-Size

SensorSafe - Уникатен систем кој ја зголемува безбедноста на детето додека се вози во автомобил

SensorSafe - Уникатен систем кој ја зголемува безбедноста на детето додека се вози во автомобил

SensorSafe - уникатен систем за мониторинг на детето. SensorSafe се закачува на појасот и ве информира постојано за безбедноста на детето додека е во седиштето. Достапен е за неколку Платинум и Голд i-Size седишта за во автомобил. SensorSafe алармира и превенира критични ситуации: детето го трга сензорот, доколку амбиенталната температура е премногу висока или премногу ниска за детето, доколку е оставено во автомобил без надзор или пак ако седи премногу долго во седиштето. Алармот го добивате виа Bluetooth преку апликација на Вашиот смартфон.

Алтернативно - положба во која детето е свртено кон напред

Алтернативно - положба во која детето е свртено кон напред

Sirona M2 i-Size поседува систем на клик кој овозможува лесно менување на позицијата од напред кон назад. Во зависност од вашата потреба, Sirona m2 i-Size, може да се употребува и како седиште свртено кон напред за деца со навршени 16 месеци или висина од 76 цм и повеќе. (до 105 цм)

Интегриран Линеарен систем на Странична заштита

Интегриран Линеарен систем на Странична заштита

Интегрираниот штитник за странична заштита (L.S.P.System) се повлекува кон страничната врата, и служи за намалување на силата од страничен судар во многу рана фаза. Било да е свртено седиштето кон напред или кон назад, L.S.P. системот го зголемува нивото на безбедност во случај на страничен удар. Во комбинација со штитниците за рамена и глава, силата од страничниот удар значително се намалува.

Наслон за глава со подесување на висина во 12 позиции

Наслон за глава со подесување на висина во 12 позиции

Заштита која расте, се адаптира на Вашето дете. Наслон за глава во 12 висини со интегрирани насочувачи на појас кој го следи растот на Вашето дете.

Школка со моќ за апсорбција на енергијата

Школка со моќ за апсорбција на енергијата

Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

М-Линија Модуларен Систем

М-Линија Модуларен Систем

Ова лесно детско седиште за автомобил ги исполнува најновите стандарди во безбедноста и го комплетира „фамилија - системот„ заедно со База М и со Sirona M2 i-Size нудејќи една база за две седишта

Инсталација на клик со isofix

Инсталација на клик со isofix

Инсталацијата со еден клик на ISOFIX овозможува лесно поставување и нуди зголемена безбедност. Sirona M2 i-Size се поставува на ISOFIX од автомобилот и не бара дополнително врзување. Седиштето има индикатор кој покажува дали е правилно наместено.

Накосување со помош на една рака

Накосување со помош на една рака

Лесно доаѓате до саканата положба (седиште свртено кон назад: 5 положби; свртено кон напред: 3 положби)

Седиште свртено кон назад

Седиште свртено кон назад

Значително го намалува ризикот од повреди при фронтален судар. Новата Sirona M2 i-Size, ви овозможува детето да го превезувате свртено обратно од правецот на движење. Од раѓање додека не достигне висина од 105 см. (приближно 4 години)

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо