Pallas M

Прилагодлив штитник од удар

Прилагодлив штитник од удар

Прилагодливиот штит го намалува ризикот од сериозни повреди на вратот без да го ограничува движењето на детето (патент во изработка). Силата која настанува при фронтален судар се дистрибуира низ целиот штит и ја апсорбира материјалот со моќ на апсорбција. Овој систем наликува на airbag системот и помага значително да се намали силата од ударот. Појасот неможе да го повреди детето а главата, вратот, рамената и внатрешните органи се заштитени. Ново дизајнираниот штит кој се подесува со една рака (патент во изработка), одлично се прилагодува на телото на детето, му овозможува слободно движење и истовремено максимална сигурност особено при фронтален судар во споредба со класичниот систем на врзување во 5 точки.

2-во-1 седиште

2-во-1 седиште

Седиштето се адаптира на растот на детето и затоа може да се користи долг период. Во група 1, прилагодливиот штит се однесува како воздушно перничево случај на судар и штити од повреди на вратот. За деца од околу 3 години и повеќе, седиштето може да се трансформира во седиште од група 2/3, серија Solution.

Линеарна странична заштита која може индивидуално да се прилагоди

Линеарна странична заштита која може индивидуално да се прилагоди

Линеарната странична заштита (L.S.P. System Plus) која може индивидуално да се прилагоди, го апсорбира влијанието на енергијата уште во рана фаза. Силата од страничниот, удар во случај на сообраќајна несреќа, систематски се апсорбира низ прилагодливите странични штитници и штитниците поставени кај рамената и главата. Во исто време, кинетичката енергија на телото, предизвикана од ударот, се апсорбира веднаш, и главата активно се води во сигурна положба во седиштето. L.S.P. заштитата индивидуално се прилагодува и перфектно одговара на внатрешноста на автомобилот.

Функција на спуштање на седиштето со една рака

Функција на спуштање на седиштето со една рака

За релаксирано и мирно патување. Благодарение на функцијата за спуштање, седиштето лесно се подесува со една рака.

Школка со моќ за апсорбција на енергијата

Школка со моќ за апсорбција на енергијата

Флексибилната структура на материјалот ја апсорбира силата на ударот

Оптимизиран вентилациски систем

Оптимизиран вентилациски систем

Одржува пријатна температура на телото

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо