Pallas 2-Fix

Штитник од удар кој може да се прилагодува

Штитникот од удар го намалува ризикот од сериозни повреди на вратот без да го ограничува детето (патент во развој) Силината од фронталниот судар се дистрибуира преку штитникот од удар и се апсорбира преку специјалниот материја за апсорбирање на удар. Овој систем наликува на воздушно перниче и значително ја намалува силата од ударот при сообраќајна несреќа. Сигурносниот појас неможе да го повреди детето а во исто време, главата, вратот, рамената и внатрешните органи се заштитени. Ново дизајнираниот штитник се прилагодува на телото на детето и му овозможува голема удобност, додатно му овозможува слободно движење во горниот дел од телото и максимална сигурност при фронтален судар во споредба со конвенционалниот сигурносен појас во 5 точки.

2-во-1 седиште

Ова седиште расте со детето и затоа може да се употребува повеќе од 11 години. Во група 1, штитникот од удар воедно е и воздушно перниче кое без ограничување го штити вратот при судар. За деца од 3 и повеќе години, седиштето лесно се претвора во група 2/3 седишта од серијата Solution.

L.S.P.System Plus

Оптимизираната линеарно странична заштита (L.S.P. System Plus) ја апсорбира енергијата на ударот уште во многу рана фаза. Силата од страничниот удар се апсорбира во линеарни серии на реакција низ употребата на заштитните странични перничиња и со штитниците за рамена и глава. Истовремено, кинетичката енергија на телото предизвикана од ударот се апсорбира во многу рана фаза и главата се насочува во сигурна положба.

ISOFIX connect

Повеќе безбедност и стабилност.

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо