Pallas

Штитник од удар кој може да се прилагодува

Штитникот од удар го намалува ризикот од сериозни повреди на вратот без да го ограничува детето (патент во развој) Силината од фронталниот судар се дистрибуира преку штитникот од удар и се апсорбира преку специјалниот материја за апсорбирање на удар. Овој систем наликува на воздушно перниче и значително ја намалува силата од ударот при сообраќајна несреќа. Сигурносниот појас неможе да го повреди детето а во исто време, главата, вратот, рамената и внатрешните органи се заштитени. Ново дизајнираниот штитник се прилагодува на телото на детето и му овозможува голема удобност, додатно му овозможува слободно движење во горниот дел од телото и максимална сигурност при фронтален судар во споредба со конвенционалниот сигурносен појас во 5 точки.

L.S.P. System

Линеарно страничната заштита од удар (L.S.P.System) овозможува дополнителна заштита при страничен судар. Линеарно страничната заштита од удар систематски ја апсорбира силата на удар при страничен судар во линеарни серија реакции со помош на штитниците за глава и рамена. Истовремено, кинетичката енергија на телото настаната при сударот се апсорбира во рана фаза и главата се поместува во сигурна положба.

Функција на спуштање на седиштето

Овозможува релаксирано и мирно патување Во група 1, Pallas 2-fix седиштето за автомобил е опремено со наслон кој се спушта едноставно со една рака повлекувајќи ја предната страна на седиштето.

2-во-1 седиште

Ова седиште расте со детето и затоа може да се употребува повеќе од 11 години. Во група 1, штитникот од удар воедно е и воздушно перниче кое без ограничување го штити вратот при судар. За деца од 3 и повеќе години, седиштето лесно се претвора во група 2/3 седишта од серијата Solution.

Наслон за грб со наклон

Pallas 2-fix седиштето може лесно да се спушти со употреба на само една рака.

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо