Cloud Q

Наслон за грб со наклон

Новата функција на Cloud Q е можноста за лежечка позиција надвор од возилото. Со поголемата платформа за нозе и лежечката позиција на седиштето, детето може удобно да спие и лежи во ергономска положба. Аголот може да се подеси лесно, со една рака, без да мора да се извади детето од транспортерот. Рачката останува во транспортна позиција. Во комбинација со CYBEX количките, Cloud Q може са се користи како визуелно хармоничен систем за патување. Благодарение на можноста за трансформација на транспортерот во лежечка положба, Cloud Q може да се користи како корпа во првите месеци. Заспаното бебе слободно се одмара оптимално заштитено и во ергономично коректна положба.

Додаток на седиште кој може да се отстрани

Еден од најголемите предизвици на инжењерите за безбедност е пронаоѓање на најдобриот можен начин за транспорт на предвремено родени или многу мали новороденчиња, чии вратни мускули и рефлекси не се доволно развиени. За жал ова може да доведе до навалување на главата на бебето кон напред и сериозни проблеми со дишењето. Функцијата на скоро рамен агол меѓу главата, вратот и градите е развиена во координација со доктори и бабици од Германија какои и од резултатите од бројни тестирања. Со ова, ризикот од задушување е значително намален. Сето ова е постигнато со помош на додатокот за седиште кое подоцна може да се отстрани.

Телескопски L.S.P. System

Телескопската линеарно странична заштита, во комбинација со школката со моќ на апсорбција на енергијата, ја апсорбира силата од страничниот удар. Телескопскиот Линеарен систем за странична заштита може лесно и индивидуално да се прилагоди. Првичната сила од ударот, во случај на несреќа, се пренесува со помош на продолжениот штитник кој е свртен кон вратата и се распоредува низ школката на седиштето. Структурата и флексибилните материјали ја апсорбираат силата и ја канализираат подалеку од бебето.

Наслон за глава со подесување на висина во 11 позиции

Во комбинација со телескопската линеарна заштита од страничен удар (L.S.P. системот), наслонот за глава со висинско подесување дополнително заштитува при страничен судар во Cloud Q седиштето. Со новиот наслон за глава со подесување на висината во 11 позиции и интегрираните насочувачи на појас, должината на ремените автоматски се менува кога наслонот се подигнува.

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува

За максимална заштита на кожата на бебето која е во согласност со строгите стандарди на Австралија. Интегрираната, екстра широка стреа за заштита од сонце, може елегантно да се сокрие зад боите на ускладениот визир. Може да се оптегне овозможувајќи не само заштита од сонце туку и од ветер и дожд.

Travel System

Со помош на адаптер, бебешкото седиште - транспортер може да се прицврсти на било која количка на CYBEX, gb или друг, одбран бренд колички. Со тоа се трансформира во систем за патување.

Бои и Ткаенини

Продолжувајќи ја традицијата на модерни бои, PLATINUM седиштата доаѓаат во повеќе бои и два типа материјали. Комфор верзија: меката и пријатна комфор верзија на Platinum седиштата е во 5 комбинации на бои.

Плус верзија: својот карактеристичен изглед и го должи на цврстата ткаенина проткаена со кепер вез и со деним изглед. Достапно во 7 бои.

Школка со моќ за апсорбција на енергијата

Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

Екста широкi Y- сигурносни појаси

со мек ремен и перниче меѓу нозете

Употребуваме колачиња за да Ви овозможиме најдобро искуство на нашиот сајт. Со употреба на нашите услуги, се согласувате на нашата употреба на колачиња. Повеќе инфо