BREATH
ABLE

MIOS

Награди

Најнови награди за CYBEX MIOS

reddot design award
reddot design awardreddot design awardreddot design awardreddot design award

MIOS е
исто така достапен:

CYBEX Mios
ЛЕСНА И КОМПАКТНА

Со почит кон иновативното животно дело на Charles и Ray Eames, MIOS го поддржуба нивното мото: Дизајнот не треба да биде само функционален, тој треба да биде забавен! Помалиот брат на PRIAM нуди максимална стабилност и лесна рамка, и изгледа како да лебди.

Ретро-модерниот дизајн на седиштето има мрежа која не само што придонесува количката да биде лесна, туку и је регулира телесната температура на детето. Компактна, флексибилна, функционална и стилска - идеална за потребите на модерните родители.

Дише

MIOS - дизајниран со иновативен мрежест материјал

Наслонот за грб и нозе се дизајнирани со иновативен мрежест материјал. Материјалот елегантно се вклопува во дизајнот на MIOS и овозможува пријатна клима дури и во жешките денови. Како екстра понуда, достапна е и мека влошка за седиштето во случај на поладн денови.

Мало
чудо

Тестирана флексибилност

MIOS е вистински пример за безгрижен урбан начин на живот: Со тежина од само 8,7 кг и широчина од едвај 50 цм, MIOS е идеален придружник низ градските улици. Неговиот компактен дизајн е комплетиран со паметна функционалност и максимален комфор. Благодарение на малата осовина и вртливите предни тркала, MIOS елегантно се движи и низ најтесните премини. Било да се наоѓаат во метро или пак во мал, бутик.

Mios
3-во-1 систем за патување

Редефинирана урбана мобилност

CYBEX воведува прекрасно координиран систем познат како MIOS. Mios има многу опции: со соодветната MIOS корпа која има особено мек душек со мемори пена, систем за патување со употреба на наградуваните транспортери од CYBEX или gb, компактна количка со иновативно прозрачно седиште кое може да биде свртено кон родителот или кон напред.

Комфорна
влошка

Удобно и во топли и во ладни денови

Дополнителната влошка може лесно да се постави на седиштето. На тој начин, MIOS нуди и удобна топлина во поладните денови.

Склопување

Еднорачен механизам на спуштање

Иновативниот систем за спуштање со една рака за неколку секунди ја трансформира вашата количка во самостоечки пакет.

Подвижна
XXL стреа

Со UPF50+ и прозорче, достапна во 7 бои со вклучено перниче за глава.

Реверзибилно
седиште

За само една секунда седиштето може да се сврти од напред кон назад. Мемори копчињата нудат брза манипулација со седиштето.

Функција на спуштање
со една рака

Наслонот за грб може да се спушти во 4 различни положби со една рака додека пак наслонот за нозе во 3 позиции.

Амортизација на сите тркала

Меко и удобно возење.

Палета на бои

Состави го
твојот Mios

МIOS е достапен во широка палета од прекрасни бои. Одберете една.

Infra RedManhattan GreyMidnight BlueAutumn GoldStardust BlackMystic PinkCashmere BeigeInfra RedManhattan GreyMidnight BlueAutumn GoldStardust BlackMystic PinkCashmere BeigeBirds of ParadiseButterflyKoi
Infra RedManhattan GreyMidnight BlueAutumn GoldStardust BlackMystic PinkCashmere Beige

Црна рамка

Infra RedManhattan GreyMidnight BlueAutumn GoldStardust BlackMystic PinkCashmere Beige

Модни колекции

Birds of ParadiseButterflyKoi

Дождовник и адаптер за седиште за автомобил, вклучени

Дождовникот и адаптерот за CYBEX и gb седиштата се вклучени при купување на MIOS.

Бои

Еве ви шанса да комбинирате!

Удобна влошка

Удобност при ладно и топло време.

Послужавник за храна

Олеснува кога родителите сакаат да му дадат јадење на детето.

Зимска вреќа

Елегантната зимска вреќа е поставена со мек флис одвнатре, а од надвор може да биде во деним изглед или налик кожа.Водоотпорниот материјал штити од студ, ветер и дожд.

Држач за чаша

Може лесно да се постави на било која страна од рачката.

Чадор

Индивидуално прилагодливиот чадор за сонце се поставува на рамката и нуди дополнителна сенка.

Торба за пелени

Торбата за пелени на MIOS содржи,термо футрола за шише, простирка за пресоблекување и место за влажни алишта.

Мрежа против инсекти

Нуди оптимална заштита од комарци. Се пере на температура од 30 степени.
Информации и упатство за употреба
  • Mios Упатство - Рамка и Седиште

    Димензии: L 830 - 940 / W 500 / H 980 - 1080 mm,
    склопена (со тркала): L 750 / W 500 / H 330 mm;
    Тежина: 8.7 kg
    Симнете го упатството
  • Mios Упатство - Корпа

    Димензии со несклопена стреа: L 840 / W 420 / H 550 mm,
    Димензии со склопена стреа: L 840 / W 420 / H 210 mm;
    Тежина: 4.1 kg
    Симнете го упатството

FAQ

Може ли тркалата да се заменат кога ќе се оштетат?

Нашите високо-квалитетни производи се карактеризираат со многу долга издржливост. Сепак, доколку е потребно, ќе ви помогнеме околу поправка или заменување на дел. Ве молиме да се обратите на Вашиот локален продавач.

Што е вклучено при купување на MIOS?

Mios: рамка, тркала, седиште, дождовник, адаптер за во автомобил .
Забелешка:
- XXL стреата за сонце и перничето за глава не се вклучени во MIOS пакетот. За да го персонализирате Вашиот Mios,ве молиме одберете дизајн со селектирање на колор пакет: Тој вклучува XXL стреа за сонце и перниче за глава. Достапно во седум стандардни бои.
- Fashion Collections се достапни во Mios со Fashion Collection колор пакет со вклучено (XXL стреа за сонце, влошка и перниче за глава).

Која димензија ја имаат тркалата?

Предни тркала: Дијаметар: 15 cm, Ширина 3 cm
Задни тркала: Дијаметар: 16 cm, Ширина 3 cm

Има ли можност да се заменат тркалата со поголеми тркала? Дали тркалата се погодни за сите терени?

Земајќи ги предвид функциите на MIOS, може да се каже дека тоа е навистина урбана количка. Поголемите тркала ќе влијаат на подвижноста на количката, и затоа ви препорачуваме употреба во град, на мазни површини.

Може ли да се употребува во поладни денови?

Да, особено со удобната влошка. Дополнително, зимската вреќа нуди додатна топлина и комфор.

Која е димензијата кога е склопена?

Должина: 75 cm / Ширина: 50 cm / Висина: 39 cm

Дали транспортерите на CYBEX се компатибилни со MIOS?

Да. Секое седиште на CYBEX и gb може да се постави на MIOS. Адаптерите се вклучени.

Може ли да се склопи кога седиштето на количката е свртено кон назад?

Да, Mios може да се склопи кога седиштето е свртено и кон назад и кон напред.