Menu
»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Solution Q3-fix

Група 2/3, 15 - 36 kg, од приближно 3 до 12 години


Solution Q3-fix седиште за автомобил

Најсигурниот Solution на сите времиња

Иновативниот Solution Q3-fix, го комбинира долгогодишно искуство во областа на успешното семејство од група 2/3 со најновите истражувања од областа на безбедноста и материјали како и иконскиот дизајн на CYBEX PLATINUM.

  • Оптимизиран наслон на глава со наклон (патентиран)
  • Автоматско подесување на висина и ширина (11 позиции)
  • Оптимизирана Линеарна Странична заштита (L.S.P. System Plus)
  • CYBEX сигурносни перничиња
  • ISOFIX Connect систем
  • Вентилациски систем

Интеракцијата на патентираниот наслон за глава со наклон, кој спречува да се навали кон напред, и оптимизираната Линеарна Странична Заштита (L.S.P. System), обезбедува највисоко ниво на сигурност и удобност. Новото, автоматско подесување на ширината и висината, овозможува оптимално прилагодување на седиштето со големината на детето. Новиот вентилациски систем гарантира пријатна температура во седиштето дури и во топли денови.

Solution Q3-fix видео туторијал

Патентирана заштита за глава - Оптимизиран наслон за глава со наклон

Патентирана заштита за глава

Оптимизиран наслон за глава со наклон

Оптимизираниот наслон за глава кој може да се накоси, спречува главата на детето да падне нанапред додека спие. Главата се наоѓа во сигурна положба.

Незаменлив елемент на Solution серијата седишта во концептот на сигурност е наслонот на глава кој може да се накоси во 3 позиции. Благодарение на можноста за подесување, главата на детето е спречена да падне кон напред додека спие. Областа околу главата и вратот се заштитени при страничен судар бидејќи се наоѓаат во сигурната зона на седиштето креирана од штитниците за глава и страничните штитници. Покрај тоа што обезбедува пасивна безбедност, патентираниот наслон за глава дава удобна позиција за спиење.

видео
Автоматско подесување на висина и ширина - Седиштето расте со детето

Автоматско подесување на висина и ширина

Седиштето расте со детето

Многу од децата достигнуваат 55% од нивниот тотален раст до 3 година а до 12 година, 89%. Оваа дава средна стапка на раст од 60 цм во периодот кога се користи седиште за во автомобил.

Со цел да обезбеди најдобра можна безбедност додека се употребува, CYBEX Sollution Q3-fix седиштата имаат интегриран систем за подесување на висина и ширина - нов сигурносен механизам за оптимизирано прилагодување на седиштето со големината на детето. Со механизмот за подесување со една рака и 11-те позиции на подесување, висината и ширината на седиштето можат симултано да се прилагодат. Седиштето може да се зголеми 8 см во ширина и до 20 см во висина.

Вентилациски систем - За оптимална климатизација на седиштето

Вентилациски систем

За оптимална климатизација на седиштето

Вентилацискиот систем обезбедува пријатна температура за време на седењето, дури и во жешки денови.

Уште еден плус е мрежата вентилациски канали кои се протегаат низ наслонот за грб и седиштето. Воздухот може да циркулира низ вентилациските дупки во предниот дел на седиштето и под навлаката и се одведува од детето преку дополнителните отвори во наслонот за грб. Ова овозможува пријатно седење дури и во лето.

L.S.P.System Plus - Оптимизирана линеарно странична заштита од удар

L.S.P.System Plus

Оптимизирана линеарно странична заштита од удар

Оптимизираната линеарна странична заштита од удар (L.S.P. System Plus) ја апсорбира енергијата од ударот во рана фаза.

Новото подесување на широчината работи рака под рака со L.S.P. System Plus. Така, силата од ударот при страничен судар систематски се намалува преку дополнителните штитници од удар и преку штитниците за глава и рамена. Во исто време, кинетичката енергија на телото, резултат од несреќата, се апсорбира во многу рана фаза и главата веднаш се насочува во сигурна положба.

ISOFIX connect - Повеќе безбедност и стабилност

ISOFIX connect

Повеќе безбедност и стабилност

ISOFIX Connect системот ја зголемува сигурноста и стабилноста и го олеснува поставувањето на седиштето.

Конекторите на седиштето се спојуваат едноставно со ISOFIX сидришните точки од седиштето на автомобилот. Конекторите лесно се вадат а седиштето е компатибилно и со автомобили кои немаат ISOFIX.

Бои и Ткаенини - Сигурност, Дизајн и Функционалност

Бои и Ткаенини

Сигурност, Дизајн и Функционалност

Продолжувајќи ја традицијата на модерни бои, PLATINUM седиштата доаѓаат во повеќе бои и два типа материјали.

Комфор верзија: меката и пријатна комфор верзија на Platinum седиштата е во 5 комбинации на бои. Плус верзија: својот карактеристичен изглед и го должи на цврстата ткаенина проткаена со кепер вез и со деним изглед. Достапно во 7 бои.

карактеристики

  • CYBEX сигурносни перничиња - Дополнително заштитуваат во случај на страничен судар.

    CYBEX сигурносни перничиња:
    Дополнително заштитуваат во случај на страничен судар.

  • Наслон за грб со наклон - Седиштето за деца одлично се прилагодува на седиштето од автомобилот

    Наслон за грб со наклон:
    Седиштето за деца одлично се прилагодува на седиштето од автомобилот

  • Многу меко перниче за седење - За дополнителен комфор.

    Многу меко перниче за седење:
    За дополнителен комфор.

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 405 / 540 / 625 должина во мм
тежина: 7,6 кг
UN R44/04, Група 2/3
Се пере во машина на 30°
Развиено и дизајнирано во Германија

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Инсталацијата на нашите производи постојано се тестира на најновите автомобили. Сепак ви препорачуваме дополнителна проба кај квалифициран продавач со цел да ја проверите компатибилноста со Вашиот автомобил. Должината на ремените од автомобилот или ISOFIX системот можат да варираат дури и кај исти автомобили.

Вашиот CYBEX производ

Solution Q3-fix

Производител на автомобили

Модел Година Позиција на инсталација
1234567

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?