Menu

»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Sirona

Група 0+/1, 0 - 18 kg, до приближно 4 години


Sirona седиште свртено кон назад

Сигурносно седиште свртено кон назад од раѓање од 18 кг (приближно 4 години)

Седиштата за деца свртени кон назад го намалуваат ризикот од повреди при фронтален судар за повеќе од 80% во споредба со конвенционалните седишта со ремен, свртени кон напред бидејќи силата од ударот еднакво се распоредува низ големата површина. *

  • Сигурносно седиште свртено кон назад до приближно 4 години
  • Ротација од 360° степени и лесно ставање на детето
  • Положба кон напред со прилагодлив штитник од удар (9-18 кг)
  • Инсталација на еден клик со помош на ISOFIX
  • Телескопска Линеарна Заштита од Страничен удар (L.S.P. System)

Водечките потрошувачки организации препорачуваат децата во седиштето да бидат свртени обратно од правецот на возење дури и над група 0+. Извонредната сигурносна изведба со заштитните функции и одличната функционалност, го вбројуваат ова седиште помеѓу најдобрите. Sirona на тестирањето е прогласена за ПОБЕДНИК според тестот Stiftung Warentest 6/2012. *Според направеното изтражување спроведено од страна на VTI - Шведски Институт за Истражување на Патишта и Транспорт (Rapport 489A, 2003)

Лесно седнување и станување од седиштето - 360° ротација

Лесно седнување и станување од седиштето

360° ротација

Системот на ротација за 360° го олеснува животот и го намалува оптоварувањето на грбот на родителите.

Одличниот механизам за ротација ја олеснува промената да седиштето од свртено кон назад до свртено кон напред. Излегувањето и влегувањето во автомобилот е многу едноставно бидејќи само со еден клик седиштето може да се сврти кон вратата.

Поставување во еден клик со ISOFIX - и во двете положби - положба кога детето е свртено кон напред и положба кога е свртено кон назад

Поставување во еден клик со ISOFIX

и во двете положби - положба кога детето е свртено кон напред и положба кога е свртено кон назад

Инсталацијата на седиштето во еден клик со ISOFIX во двете положби е многу едноставна и гарантира зголемена безбедност.

Sirona седиштето се прицврстува за седиштето на возилото со помош на ISOFIX системот и не бара дополнително стегање. Потпирачот кој се наоѓа на предната страна ја апсорбира силата на ударот при фронтален судар и обезбедува дополнителна стабилност. Ваквата технологија ги минимализира грешките при инсталацијата на седиштето и ја оптимизира заштитата.

Технологија на поставување на седиштето во рамка - директна поврзаност меѓу автомобилот и детското седиште

Технологија на поставување на седиштето во рамка

директна поврзаност меѓу автомобилот и детското седиште

Со помош на иновативната технологија за поставување на седиштето на рамката се прави директна врска помеѓу базата и седиштето.

Во случај на судар, силата од ударот се пренесува директно на базата и истовремено се активираат заштитите од автомобилот и седиштето, а силината на ударот се дистрибуира во најрана фаза од сударот. Патентот е даден на одобрување.

Телескопски L.S.P. System - Линеарно странична заштита од удар

Телескопски L.S.P. System

Линеарно странична заштита од удар

Телескопски (L.S.P. систем) - линеарно страничната заштита од удар ја апсорбира силата во случај на судар уште во рана фаза. (патент во подготовка)

Во било која положба на седиштето - кон напред или кон назад- прилагодливиот L.S.P. систем го зголемува нивото на безбедност во случај на страничен судар. Индивидуално се прилагодува според пложбата на седиштето и типот на автомобил и во комбинација со штитниците за рамена и глава, ја апсорбира силата од ударот. (патент во подготовка)

Алтернативно - положба во која детето е свртено кон напред - за деца од 9 - 18 кг

Алтернативно - положба во која детето е свртено кон напред

за деца од 9 - 18 кг

Во зависност од големината и висината, постарите деца можат да се соочат со недоволен простор за нозете кога се свртени кон назад.

Во ваков случај, Sirona може да се користи свртена кон напред во комбинација со штитник од удар - до 9 - 18 кг (приближно 9 месеци до 4 години).

Прилагодлив штитник од удар со A.R.T Технологија - Сигурност без ограничувања

Прилагодлив штитник од удар со A.R.T Технологија

Сигурност без ограничувања

Прилагодливиот штитник од удар со A.R.T Технологија го намалува ризикот од сериозни повреди на вратот без да го ограничи движењето на детето (патент во подготовка). Благодарение на вградениот систем на врзување, нема потреба штитникот да се врзува дополнително.

Кога седиштето е свртено кон напред, детето е заштитено со прилагодливиот штит. Овој систем работи како воздушното перниче и ја апсорбира енергијата низ целата површина. Споредено со конвенционалниот систем на врзување во 5 точки, оптоварувањето на вратот значително се намалува. Со A.R.T. технологијата (Active Response Technology), во случај на несреќа, штитот овозможува безбедност на детето во таканаречената сигурна зона на седиштето (патент во подготовка). Благодарение на интегрираниот систем за врзување, не е потребно штитот да се стегнува со ремените од автомобилот (патент во изработка).

Бои и Ткаенини - Сигурност, Дизајн и Функционалност

Бои и Ткаенини

Сигурност, Дизајн и Функционалност

Продолжувајќи ја традицијата на модерни бои, PLATINUM седиштата доаѓаат во повеќе бои и два типа материјали.

Комфор верзија: меката и пријатна комфор верзија на Platinum седиштата е во 5 комбинации на бои. Плус верзија: својот карактеристичен изглед и го должи на цврстата ткаенина проткаена со кепер вез и со деним изглед. Достапно во 7 бои.

tested by real parents

Carola J.: „Многу сигурност + удобност. Совршено одговара за мали градски автомобили а на детето му пружа удобност за време на дол пат.“

Magdalena W.: „Одлично седиште во положба на детето свртено кон назад кое нуди огромна сигурност и удобност благодарение на функцијата за ротација. И изгледа фантастично.“

карактеристики

  • Наслон за глава со подесување на висина во 11 позиции

    Наслон за глава со подесување на висина во 11 позиции

  • Спуштање на наслон со една рака (7 позиции - свртено седиште кон назад)

    Спуштање на наслон со една рака (7 позиции - свртено седиште кон назад)

  • Спуштање на наслон со една рака (5 позиции - свртено седиште кон напред)

    Спуштање на наслон со една рака (5 позиции - свртено седиште кон напред)

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 680, 440, 635 должина во мм
тежина: 15 кг
UN R44/04, Група 0+/1
Се пере во машина на 30°
Развиено и дизајнирано во Германија

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Инсталацијата на нашите производи постојано се тестира на најновите автомобили. Сепак ви препорачуваме дополнителна проба кај квалифициран продавач со цел да ја проверите компатибилноста со Вашиот автомобил. Должината на ремените од автомобилот или ISOFIX системот можат да варираат дури и кај исти автомобили.

Вашиот CYBEX производ

Sirona

Производител на автомобили

Модел Година Позиција на инсталација
1234567

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Зошто неможам да го ротирам седиштето за 360°?
На што треба да внимавам која го инсталирам Sirona седиштето во мојот автомобил?
Дали моето дете може да ги крене нозете и да ги стави на сигурносната рамка?
Можам ли да ја употребувам Sirona во автомобил без ISOFIX точки за прицврстување?
Кога можам да ја употребувам Sirona во позиција свртено кон напред?
Можам ли да ја употребувам Sirona без влошката за новороденче, за мало бебе?
Дали и двата L.S.P. системи треба да се повлечат поради безбедност?
Како да сменам позицијата на Sirona во свртено кон напред?
Можам ли да го користам седиштето и базата кога страничното воздушно перниче е активирано?
Која е разликата меѓу Sirona и Sirona M i-Size?
Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?