Menu

»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Pallas M

Група 1/2/3, 9 - 36 kg, од приближно 9 месеци до 12 години


Pallas M седиште за во автомобил

Сигурност без ограничувања

Новата генерација на наградуваната Pallas серија нуди оптимизирана сигурност и удобност со животен век од преку 11 години.

  • Прилагодлив со една рака, штитник од удар (Гр.1)
  • Може да се употребува преку 11 години
  • Индивидуално прилагодлива Линеарна Заштита од страничен удар (L.S.P. System Plus)
  • Функција на спуштање на седиштето со една рака (Гр.1)
  • Патентиран наслон за глава
  • Одговара на новата ЕУ регулатива ECE R-44/04 Supplement 7

Во Група 1, Pallas M располага со прилагодлив штитник од удари. Во случај на фронтален судар, силата од ударот се распоредува низ целата површина на штитникот, слично како кај воздушното перниче. За Група 2/3, седиштето лесно може да се претвори во Solution M.

Прилагодлив штитник од удар - прилагодлив со една рака (група 1)

Прилагодлив штитник од удар

прилагодлив со една рака (група 1)

Прилагодливиот штит го намалува ризикот од сериозни повреди на вратот без да го ограничува движењето на детето (патент во изработка).

Силата која настанува при фронтален судар се дистрибуира низ целиот штит и ја апсорбира материјалот со моќ на апсорбција. Овој систем наликува на airbag системот и помага значително да се намали силата од ударот. Појасот неможе да го повреди детето а главата, вратот, рамената и внатрешните органи се заштитени. Ново дизајнираниот штит кој се подесува со една рака (патент во изработка), одлично се прилагодува на телото на детето, му овозможува слободно движење и истовремено максимална сигурност особено при фронтален судар во споредба со класичниот систем на врзување во 5 точки.

2-во-1 седиште - Може да се употребува повеќе од 11 години

2-во-1 седиште

Може да се употребува повеќе од 11 години

Седиштето се адаптира на растот на детето и затоа може да се користи долг период.

Во група 1, прилагодливиот штит се однесува како воздушно перничево случај на судар и штити од повреди на вратот. За деца од околу 3 години и повеќе, седиштето може да се трансформира во седиште од група 2/3, серија Solution.

Линеарна странична заштита која може индивидуално да се прилагоди - L.S.P. System Plus

Линеарна странична заштита која може индивидуално да се прилагоди

L.S.P. System Plus

Линеарната странична заштита (L.S.P. System Plus) која може индивидуално да се прилагоди, го апсорбира влијанието на енергијата уште во рана фаза.

Силата од страничниот, удар во случај на сообраќајна несреќа, систематски се апсорбира низ прилагодливите странични штитници и штитниците поставени кај рамената и главата. Во исто време, кинетичката енергија на телото, предизвикана од ударот, се апсорбира веднаш, и главата активно се води во сигурна положба во седиштето. L.S.P. заштитата индивидуално се прилагодува и перфектно одговара на внатрешноста на автомобилот.

Функција на спуштање на седиштето со една рака - Група 1

Функција на спуштање на седиштето со една рака

Група 1

За релаксирано и мирно патување.

Благодарение на функцијата за спуштање, седиштето лесно се подесува со една рака.

Наслон за глава со накосување во 3 положби - Патентиран

Наслон за глава со накосување во 3 положби

Патентиран

Наслонот за глава со наклон спречува главата на детето да падне нанапред додека спие.

Патентираниот наслон за глава од CYBEX гарантира оптимална заштита во случај на страничен судар. Оваа револуционерна технологија, со сигурност ја поместува точката на рамнотежа на детската глава кон назад, спречувајќи да падне напред додека детето цврсто спие. Во случај на страничен судар, главата на детето останува во сигурната зона на седиштето со што е обезбедена оптимална заштита. Нашиот патентиран наслон за глава се прилагодува во 3 положби и овозможува удобен и мирен сон.

видео

карактеристики

  • Школка со моќ за апсорбција на енергијата - Флексибилната структура на материјалот ја апсорбира силата на ударот

    Школка со моќ за апсорбција на енергијата:
    Флексибилната структура на материјалот ја апсорбира силата на ударот

  • Оптимизиран вентилациски систем - Одржува пријатна температура на телото

    Оптимизиран вентилациски систем:
    Одржува пријатна температура на телото

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 430 / 540 / 700 должина во мм
тежина: 8,3 кг
UN R44/04, Група 1/2/3
Се пере во машина на 30°
Развиено и дизајнирано во Германија

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Ова седиште е одобрено за универзална употреба и може да се употребува во сите автомобили со стандарден појас во 3 точки. Сепак Ви препорачуваме проба и во Вашето возило кај овластениот продавач бидејќи должината на ремените може да варира дури и кај возила од ист модел.

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Може ли да ставам ISOFIX Connect систем на седиште во автомобил кој нема ISOFIX конектори?
Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?