Menu

»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Cloud Q

Група 0+, 0 - 13 кg, од раѓање до приближно 18 месеци


Cloud Q транспортер

Редефинирано Луксузно Патување

Седиштето со ремени Cloud Q е победник во тестирањето на група 0+,спроведено од германскиот Stiftung Warentest, тест 06/2015. При тестирањето, единствено Cloud Q, ја доби оценката „многу добар„ во категоријата безбедност. Премиум седиштето за деца се издвојува со перфектната симбиоза на феноменална заштита и нов вид travel system со огромна безбедност внатре и надвор од автомобилот.

  • Ергономична лежечка позиција надвор од автомобил
  • Мека влошка за предвремено родени или многу мали бебиња која може да се отстрани
  • Подесувачки наслон за глава во 11 позиции со вградени насочувачи на појас
  • Телескопска Линеарна Заштита од Страничен удар (L.S.P. System)
  • Интегрирана XXL стреа за заштита од сонце
  • Travel system компатибилен со колички од CYBEX, gb и други одбрани брендови
  • Во согласност со новата европска регулатива ECE R44/04 додаток 7

Благодарение на лежечката позиција, детското седиште може да се користи како транспортер-корпа надвор од автомобилот. Иновативниот travel system е надополнет со телескопска линеарна странична заштита од удар, лежечка позиција и внатре во автомобил и XXL стре за заштина од сонце со UVP50+. Подесувачката висина на наслонот за глава во 11 позиции, симултано ги продолжува ремените на детското седиште и го менува аголот на седење. Како резултат, седиштето расте со детето.

Наслон за грб со наклон - Ергономична лежечка положба надвор од возилото

Наслон за грб со наклон

Ергономична лежечка положба надвор од возилото

Новата функција на Cloud Q е можноста за лежечка позиција надвор од возилото. Со поголемата платформа за нозе и лежечката позиција на седиштето, детето може удобно да спие и лежи во ергономска положба.

Аголот може да се подеси лесно, со една рака, без да мора да се извади детето од транспортерот. Рачката останува во транспортна позиција. Во комбинација со CYBEX количките, Cloud Q може са се користи како визуелно хармоничен систем за патување. Благодарение на можноста за трансформација на транспортерот во лежечка положба, Cloud Q може да се користи како корпа во првите месеци. Заспаното бебе слободно се одмара оптимално заштитено и во ергономично коректна положба.

Додаток на седиште кој може да се отстрани - За идеална лежечка положба

Додаток на седиште кој може да се отстрани

За идеална лежечка положба

Еден од најголемите предизвици на инжењерите за безбедност е пронаоѓање на најдобриот можен начин за транспорт на предвремено родени или многу мали новороденчиња, чии вратни мускули и рефлекси не се доволно развиени. За жал ова може да доведе до навалување на главата на бебето кон напред и сериозни проблеми со дишењето.

Функцијата на скоро рамен агол меѓу главата, вратот и градите е развиена во координација со доктори и бабици од Германија какои и од резултатите од бројни тестирања. Со ова, ризикот од задушување е значително намален. Сето ова е постигнато со помош на додатокот за седиште кое подоцна може да се отстрани.

Телескопски L.S.P. System - Телескопски Линеарен систем за Странична заштита

Телескопски L.S.P. System

Телескопски Линеарен систем за Странична заштита

Телескопската линеарно странична заштита, во комбинација со школката со моќ на апсорбција на енергијата, ја апсорбира силата од страничниот удар.

Телескопскиот Линеарен систем за странична заштита може лесно и индивидуално да се прилагоди. Првичната сила од ударот, во случај на несреќа, се пренесува со помош на продолжениот штитник кој е свртен кон вратата и се распоредува низ школката на седиштето. Структурата и флексибилните материјали ја апсорбираат силата и ја канализираат подалеку од бебето.

Наслон за глава со подесување на висина во 11 позиции - За идеална заштита која се прилагодува на растот на детето

Наслон за глава со подесување на висина во 11 позиции

За идеална заштита која се прилагодува на растот на детето

Во комбинација со телескопската линеарна заштита од страничен удар (L.S.P. системот), наслонот за глава со висинско подесување дополнително заштитува при страничен судар во Cloud Q седиштето.

Со новиот наслон за глава со подесување на висината во 11 позиции и интегрираните насочувачи на појас, должината на ремените автоматски се менува кога наслонот се подигнува.

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува - Одлична заштита од сонце и ветер со UVP50+

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува

Одлична заштита од сонце и ветер со UVP50+

За максимална заштита на кожата на бебето која е во согласност со строгите стандарди на Австралија.

Интегрираната, екстра широка стреа за заштита од сонце, може елегантно да се сокрие зад боите на ускладениот визир. Може да се оптегне овозможувајќи не само заштита од сонце туку и од ветер и дожд.

Бои и Ткаенини - Сигурност, Дизајн и Функционалност

Бои и Ткаенини

Сигурност, Дизајн и Функционалност

Продолжувајќи ја традицијата на модерни бои, PLATINUM седиштата доаѓаат во повеќе бои и два типа материјали.

Комфор верзија: меката и пријатна комфор верзија на Platinum седиштата е во 5 комбинации на бои. Плус верзија: својот карактеристичен изглед и го должи на цврстата ткаенина проткаена со кепер вез и со деним изглед. Достапно во 7 бои.

карактеристики

  • Travel System - Со помош на адаптер, бебешкото седиште - транспортер може да се прицврсти на било која количка на CYBEX, gb или друг, одбран бренд колички. Со тоа се трансформира во систем за патување.

    Travel System:
    Со помош на адаптер, бебешкото седиште - транспортер може да се прицврсти на било која количка на CYBEX, gb или друг, одбран бренд колички. Со тоа се трансформира во систем за патување.

  • Школка со моќ за апсорбција на енергијата - Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

    Школка со моќ за апсорбција на енергијата:
    Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

  • Екста широкi Y- сигурносни појаси - со мек ремен и перниче меѓу нозете

    Екста широкi Y- сигурносни појаси:
    со мек ремен и перниче меѓу нозете

додатоци

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 670, 440, 395-565 должина во мм
тежина: 5,4 кг
ECE R44/04, Група 0+
Се пере во машина на 30°
Развиено и дизајнирано во Германија

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Инсталацијата на нашите производи постојано се тестира на најновите автомобили. Сепак ви препорачуваме дополнителна проба кај квалифициран продавач со цел да ја проверите компатибилноста со Вашиот автомобил. Должината на ремените од автомобилот или ISOFIX системот можат да варираат дури и кај исти автомобили.

Вашиот CYBEX производ

Производител на автомобили

Модел Година Позиција на инсталација
1234567

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Дали и двата L.S.P. системи треба да се повлечат поради безбедност?
Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?