Menu

»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Aton Q i-Size

45 cm - 75 cm, max. 13 kg


Aton Q i-Size транспортер

Напредна безбедност

Aton Q i-Size ви ги нуди најновите технологии од областа на безбедноста. Кога се инсталира на Base Q i-Size (дополнително достапна), седиштето одговара на новата i-Size регулатива. i-Size (ECE R-129) е нов ЕУ стандард за безбедност на детето кој вели дека до 15 месечна возраст, детето мора да се вози свртено кон назад. Aton Q i-Size е погодно за новороденчиња и бебиња со висина од 45 цм до 75 цм (макс. 13 кг). Седиштето е со одлични карактеристики за безбедност како што се заштита од страничен удар и наслон за глава со подесување на висината и вградени насочувачи за појас.

  • Одговара на новите ЕУ регулативи за седишта за автомобил ECE R-129 кога е инсталирано на Base Q i-Size.
  • Телескопска Линеарна Заштита од Страничен удар (L.S.P.System)
  • Мека влошка која се вади, за бебиња на возраст до 3 месеци
  • Наслон за глава со подесување на висина и вградени насочувачи на појас
  • Интегрирана склоплива XXL стреа за заштита од сонце
  • Можен Travel System со CYBEX, gb и други колички

Aton Q i-Size е најновиот член на наградуванатo Aton семејство и располага со највисоко можно ниво на безбедност за вашето дете. Доаѓа со телескопска Линеарна заштита од Страничен удар (L.S.P System) што ја одвојува силата на ударот од Вашето дете. Наслонот со подесувачка висина и вградени насочувачи на појас му обезбедуваат огромна безбедност и удобност на детето а родителите можат лесно да ги манипулираат. За новороденчињата и бебињата до 3 месеци, тука е меката влошка која може да се извади и која му обезбедува на бебето лежечка позиција. Склопливата XXL стреа за заштита од сонце со UVP50+, го штити Вашето дете од UV зрачење и силен ветер.

Телескопски L.S.P. System - Телескопски Линеарен систем за Странична заштита

Телескопски L.S.P. System

Телескопски Линеарен систем за Странична заштита

Во комбинација со школката на седиштето, L.S.P. системот ја веднаш апсорбира силата на ударот при страничен судар.

Телескопскиот Линеарен систем за странична заштита може лесно и индивидуално да се прилагоди. Првичната сила од ударот, во случај на несреќа, се пренесува со помош на продолжениот штитник кој е свртен кон вратата и се распоредува низ школката на седиштето. Структурата и флексибилните материјали ја апсорбираат силата и ја канализираат подалеку од бебето.

Влошка за новороденче и бебиња до 3 месеци - За идеална лежечка положба

Влошка за новороденче и бебиња до 3 месеци

За идеална лежечка положба

Еден од најголемите предизвици на инжењерите за безбедност е пронаоѓање на најдобриот можен начин за транспорт на предвремено родени или многу мали новороденчиња, чии вратни мускули и рефлекси не се доволно развиени. Влошката, која подоцна се отстранува, нуди лежечка положба и доволна потпора за бебињата до 3 месеци.

Ваквата функција, која овозможува скоро рамен агол помеѓу главата, вратот и градите, е развиена по совет од доктори и бабици од Германија и според заклучоците од многу тестирања. Ризикот од задушување е значително намален.

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува - Одлична заштита од сонце и ветер со UVP50+

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува

Одлична заштита од сонце и ветер со UVP50+

За максимална заштита на кожата на бебето, стреата е подложна на строгите закони во Австралија во поглед на стандардот за заштита од сонце.

Интегрираната стреа за заштита од сонце може паметно да се сокрие зад боите на складниот визор. Може да се продолжува нудејќи одлична заштита не само од сонце туку и од дожд и ветер.

Наслон за глава со подесување на висина во 8 позиции - за одлична заштита која се адаптира на растот на детето

Наслон за глава со подесување на висина во 8 позиции

за одлична заштита која се адаптира на растот на детето

Во комбинација со телескопската линеарно странична заштита, наслонот со подесување на висина дополнително ја зголемува страничната заштита.

Низ интегрираните насочувачи, ремените автоматски се издолжуваат при промената на висината на наслонот за глава.

Бои и Ткаенини - Сигурност, Дизајн и Функционалност

Бои и Ткаенини

Сигурност, Дизајн и Функционалност

Продолжувајќи ја традицијата на модерни бои, PLATINUM седиштата доаѓаат во повеќе бои и два типа материјали.

Комфор верзија: меката и пријатна комфор верзија на Platinum седиштата е во 5 комбинации на бои. Плус верзија: својот карактеристичен изглед и го должи на цврстата ткаенина проткаена со кепер вез и со деним изглед. Достапно во 7 бои.

карактеристики

  • Школка со моќ за апсорбција на енергијата - Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

    Школка со моќ за апсорбција на енергијата:
    Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

  • Екстра широки Y- сигурносни појаси - со мек ремен и перниче меѓу нозете

    Екстра широки Y- сигурносни појаси:
    со мек ремен и перниче меѓу нозете

  • Travel System - Со помош на адаптер, бебешкото седиште - транспортер може да се прицврсти на било која количка на CYBEX, gb или друг, одбран бренд колички. Со тоа се трансформира во систем за патување.

    Travel System:
    Со помош на адаптер, бебешкото седиште - транспортер може да се прицврсти на било која количка на CYBEX, gb или друг, одбран бренд колички. Со тоа се трансформира во систем за патување.

додатоци

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 650 / 440 / 390 – 560 должина во мм
тежина: 4,9 кг
UN R129
Развиено и дизајнирано во Германија
Се пере во машина на 30°

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Инсталацијата на нашите производи постојано се тестира на најновите автомобили. Сепак ви препорачуваме дополнителна проба кај квалифициран продавач со цел да ја проверите компатибилноста со Вашиот автомобил. Должината на ремените од автомобилот или ISOFIX системот можат да варираат дури и кај исти автомобили.

Вашиот CYBEX производ

Base Q i-Size

Производител на автомобили

Модел Година Позиција на инсталација
1234567

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Која е разликата помеѓу Aton Q и Aton Q i-Size?
Aton Q i-Size е во согласност со i-Size стандардот (ECE R-129). Што значи тоа?
Можам ли да го користам Aton Q i-Size без база?
Можам ли да го користам Aton Q i-Size со Q-fix база?
Од која возраст може да се користи Aton Q i-Size?
До која тежина на бебето може да се користи Aton Q i-Size?
Кога детето е преголемо за Aton Q i-Size?
Дали Aton Q i-Size ќе одговара за мојот автомобил?
Можам ли да го користам Aton Q i-Size во возило без ISOFIX точки на прицврстување?
Можам ли да го користам Aton Q i-Size во автомобил без i-Size стандард?
Каде треба да стои главата на детето за да биде правилно наместен наслонот за глава?
Дали двата странични протектори (L.S.P.) треба да бидат извлечени?
Кои колички можат да се користат со транспортерот?
Што треба да направам ако главата на бебето се наведнува кон напред, иако седиштето е позиционирано хоризонтално?
Може ли да се перат навлаките на Aton Q i-Size во машина?
Кога треба да ја отстранам влошката за новороденче и интегрираната влошка?
Зашто Aton Q i-Size има влошка за новороденчиња и интегрирана влошка?
Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?