Menu

»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Aton Q

Група 0+, 0 - 13 кg, од раѓање до приближно 18 месеци


Aton Q транспортер

Безбедност споена со Дизајн

Aton Q, ја продолжува успешната приказна на наградените седишта, во Гр. 0+, од Aton семејството и се стекнува со оцена 1.6 (добра), на тестирањето на германската потрошувачка организација, Stiftung Warentest (Тест 06/2014). ADAC исто така го квалифицира со „добар“. Од ÖAMTC, ја добива оценката „добар„, историски најдобрата оцена што досега ја дале, за неговата одлична заштита од страничен удар кога е инсталиран со ISOFIX база. Во категориите на безбедност и опасни субстанции ја добива оценката „многу добар„.

  • Телескопска Линеарна Заштита од Страничен удар (L.S.P. System)
  • Мека влошка која може да се отстрани
  • Наслон за глава со подесување на висина и вградени насочувачи на појас
  • Интегрирана склоплива XXL стреа за заштита од сонце
  • Можност за Travel System, компатибилен со количките на CYBEX, gb и други, одбрани брендови

Интеракцијата помеѓу Телескопската Линеарната Заштита од Страничен удар (Linear Side-impact Protection, L.S.P. System) и наслонот за глава со подесување на висината заедно со вградени насочувачи на појас, придонесува кон највисоко ниво на безбедност и удобност. Дополнително, новата функција со која се овозможува малото бебе или предвреме роденото, да бидат во скоро лежечка позиција, придонесува на се намали ризикот од потешкотии со дишењето. Склопливата XXL стреа за сонце со UVP50+, перфектно штити од сончевото зрачење и силен ветер.

Телескопски L.S.P. System - Телескопски Линеарен систем за Странична заштита

Телескопски L.S.P. System

Телескопски Линеарен систем за Странична заштита

Во комбинација со школката на седиштето, L.S.P. системот ја веднаш апсорбира силата на ударот при страничен судар.

Телескопскиот Линеарен систем за странична заштита може лесно и индивидуално да се прилагоди. Првичната сила од ударот, во случај на несреќа, се пренесува со помош на продолжениот штитник кој е свртен кон вратата и се распоредува низ школката на седиштето. Структурата и флексибилните материјали ја апсорбираат силата и ја канализираат подалеку од бебето.

Додаток на седиште кој може да се отстрани - За идеална лежечка положба

Додаток на седиште кој може да се отстрани

За идеална лежечка положба

Еден од најголемите предизвици на инжењерите за безбедност е пронаоѓање на најдобриот можен начин за транспорт на предвремено родени или многу мали новороденчиња, чии вратни мускули и рефлекси не се доволно развиени. За жал ова може да доведе до навалување на главата на бебето кон напред и сериозни проблеми со дишењето.

Функцијата на скоро рамен агол меѓу главата, вратот и градите е развиена во координација со доктори и бабици од Германија какои и од резултатите од бројни тестирања. Со ова, ризикот од задушување е значително намален. Сето ова е постигнато со помош на додатокот за седиште кое подоцна може да се отстрани.

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува - Одлична заштита од сонце и ветер со UVP50+

Интегрирана, соодветна, XXL стреа која се склопува

Одлична заштита од сонце и ветер со UVP50+

За максимална заштита на кожата на бебето која е во согласност со строгите стандарди на Австралија.

Интегрираната, екстра широка стреа за заштита од сонце, може елегантно да се сокрие зад боите на ускладениот визир. Може да се оптегне овозможувајќи не само заштита од сонце туку и од ветер и дожд.

Наслон за глава со подесување на висина во 8 позиции - за одлична заштита која се адаптира на растот на детето

Наслон за глава со подесување на висина во 8 позиции

за одлична заштита која се адаптира на растот на детето

Во комбинација со телескопската линеарна заштита од страничен удар (L.S.P. системот), наслонот за глава со висинско подесување дополнително заштитува при страничен судар во Aton Q седиштето.

Со новиот наслон за глава со подесување на висината во 8 позиции и интегрираните насочувачи на појас, должината на ремените автоматски се менува кога наслонот се подигнува.

Travel System - Сигурност, дизајн и мобилност во едно

Travel System

Сигурност, дизајн и мобилност во едно

Користејќи едноставен адаптер, Aton Q, може без мака да се трансформира во систем за патување со количките на CYBEX. gb и друг, селектирани брендови на колички.

Препознатливиот, како ДНК, дизајн на Aton Q седиштето ги надминува сите Platinum производи и исто така присутен е кај CYBEX количките. Со помош на едноставните адаптери, заедно со количките Callisto, Topaz и Onyx , едноставно се претвара во патувачки систем. Може да се комбинира и со многу други брендови на колички.

Бои и Ткаенини - Сигурност, Дизајн и Функционалност

Бои и Ткаенини

Сигурност, Дизајн и Функционалност

Продолжувајќи ја традицијата на модерни бои, PLATINUM седиштата доаѓаат во повеќе бои и два типа материјали.

Комфор верзија: меката и пријатна комфор верзија на Platinum седиштата е во 5 комбинации на бои. Плус верзија: својот карактеристичен изглед и го должи на цврстата ткаенина проткаена со кепер вез и со деним изглед. Достапно во 7 бои.

tested by real parents

Kerstin S.: „Ви го препорачувам Aton Q, не само поради изгледот туку затоа што прави малечките да се чувствуваат безбедно и удобно.“

карактеристики

  • Школка со моќ за апсорбција на енергијата - Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

    Школка со моќ за апсорбција на енергијата:
    Ја апсорбира силата од ударот и го штити бебето

  • Екстра широки Y- сигурносни појаси - со мек ремен и перниче меѓу нозете

    Екстра широки Y- сигурносни појаси:
    со мек ремен и перниче меѓу нозете

додатоци

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 650, 440, 390-560 должина во мм
тежина: 4,6 кг
ECE R44/04, Група 0+
Се пере во машина на 30°
Развиено и дизајнирано во Германија

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Инсталацијата на нашите производи постојано се тестира на најновите автомобили. Сепак ви препорачуваме дополнителна проба кај квалифициран продавач со цел да ја проверите компатибилноста со Вашиот автомобил. Должината на ремените од автомобилот или ISOFIX системот можат да варираат дури и кај исти автомобили.

Вашиот CYBEX производ

Производител на автомобили

Модел Година Позиција на инсталација
1234567

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Која е разликата помеѓу Aton Q и Aton 4?
Можам ли да го користам Aton Q на било кое седиште од автомобил, без база?
Каде треба да биде позиционирана главата на моето бебе за да се осигурам дека наслонот за глава е оптимално прилагоден според детето?
Дали и двата L.S.P. системи треба да се повлечат поради безбедност?
Со кои CYBEX колички можам да го употребам CYBEX транспортерот?
Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?