Menu


»Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?«

Aton 5

Група 0+, 0 - 13 кg, од раѓање до приближно 18 месеци


Aton 5 транспортер

Петта генерација од успешниот детски транспортер

Следејќи ги стапките на неговите претходници, како на пример наградениот Aton 2 во групата 0+ на тестот за детски седишта организиран од Stiftung Warentest 06/2012, Aton 5 го продолжува успехот на Aton серијата.

  • Дополнително мека влошка за легната позиција која може да се извади
  • Наслон за глава со висинско подесување во 8 позиции и вградени насочувачи на појас
  • Линеарна Заштита од Страничен удар (L.S.P. Систем)
  • Интегрирана XXL стреа со UVP50+ која може да се вади

Уникатните безбедносни карактеристики, на пр. подесување на висината на наслонот за глава со вградени насочувачи на појас кои ја подобруваат сигурноста на школката на седиштето при судар како и докажаниот L.S.P. систем, удобноста, XXL стреата за сонце претставуваат одличен асет на транспортерот за предвремено родени деца или пак за многу мали новороденчиња. Новите функции го подобруваат аголот на седење со што се обезбедува малите бебиња да се во легната позиција со главата, вратот и градите во една линија. На тој начин, главата неможе да се наведе надолу со што се намалува ризикот од задушување. Седиштето за во автомобил може да се употребува прицврстено со појасот од возилото или пак на нашата база за лесна инсталација.

Наслон за глава со подесување на висина во 8 позиции - Лесно за ракува и нуди заштита која се адаптира на растот на детето

Наслон за глава со подесување на висина во 8 позиции

Лесно за ракува и нуди заштита која се адаптира на растот на детето

8 степениот наслон за глава и вградените насочувачи на ремени се уште еден аспект на оптималната странична заштита на детското седиште - транспортер.

Висината на појасот автоматски се прилагодува на висината на наслонот за глава а постојаната манипулација со лентите е минато. Y - системот на појас е докажано ефективен и удобен особено за малите бебиња. Меката влошка која е прикачена за наслонот за глава исто така може да се адаптира според висината на пелвисот на бебето.

L.S.P. System - Линеарно странична заштита од удар

L.S.P. System

Линеарно странична заштита од удар

Линеарно страничната заштита од удар (L.S.P. System) ја апсорбира силата од страничниот удар во комбинација со школката на седиштето.

Првиот удар при сообраќајна несреќа го дистрибуира L.S.P системот и протекторите и се апсорбира преку флексибилната структура на материјалот на седиштето. Флексибилниот материјал и структурата на самото седиште ја апсорбираат силата при ударот и ја канализираат подалеку од детето.

Додаток на седиште кој може да се отстрани - За идеална лежечка положба

Додаток на седиште кој може да се отстрани

За идеална лежечка положба

Еден од најголемите предизвици на инжењерите за безбедност е пронаоѓање на најдобриот можен начин за транспорт на предвремено родени или многу мали новороденчиња, чии вратни мускули и рефлекси не се доволно развиени. За жал ова може да доведе до навалување на главата на бебето кон напред и сериозни проблеми со дишењето.

Функцијата на скоро рамен агол меѓу главата, вратот и градите е развиена во координација со доктори и бабици од Германија какои и од резултатите од бројни тестирања. Со ова, ризикот од задушување е значително намален. Сето ова е постигнато со помош на додатокот за седиште кое подоцна може да се отстрани.

CYBEX Travel system - Решение за патување кое ви штеди простор

CYBEX Travel system

Решение за патување кое ви штеди простор

Бебешкото седиште - транспортер без проблем може да се претвори во систем за патување со количките на CYBEX, gb и останати брендови.

Со помош на адаптер, бебешките седишта -транспортери на CYBEX лесно можат да имаат функција на систем за патување. Компатибилни се со количките на CYBEX, gb и други селектирани брендови.

карактеристики

  • Мек додаток (влошка) на седиштето - Прилагодлив во должина и висина и прицврстен на наслонот за глава

    Мек додаток (влошка) на седиштето:
    Прилагодлив во должина и висина и прицврстен на наслонот за глава

  • Интегрирана, XXL стреа која се склопува - Се прилагодува во 4 чекори и има UV50+ заштита од сонце

    Интегрирана, XXL стреа која се склопува:
    Се прилагодува во 4 чекори и има UV50+ заштита од сонце

  • Y - појас - Се прилагодува во 4 чекори и има UV50+ заштита од сонце

    Y - појас

  • Школка со моќ за апсорбција на енергијата - Со странична заштита

    Школка со моќ за апсорбција на енергијата:
    Со странична заштита

додатоци

Engineered in Germany

должина/ширина/висина: 640 / 430 / 390-560 должина во мм
тежина: 4,8 кг
ECE R44/04, Група 0+
Се пере во машина на 30°
Развиено и дизајнирано во Германија

Компатибилни автомобили

Дали е ова вистинското седиште за мојот автомобил?

Инсталацијата на нашите производи постојано се тестира на најновите автомобили. Сепак ви препорачуваме дополнителна проба кај квалифициран продавач со цел да ја проверите компатибилноста со Вашиот автомобил. Должината на ремените од автомобилот или ISOFIX системот можат да варираат дури и кај исти автомобили.

Вашиот CYBEX производ

Производител на автомобили

Модел Година Позиција на инсталација
1234567

сервис

Превземи документ: упатство за употреба

Faq

Дали можам да продолжам да го употребувам седиштето и после сообраќајка?
Моето седиште за автомобил е оштетено. Како можам да го поправам?
Каде да најдам резервни делови?
Дали CYBEX ќе пушти i-Size седиште со штитник?/Кога CYBEX планира да пушти во употреба Platinum i-Size седиште?