EMBRACE
INDIVI
DUALITY

YEMA

Признанија

Скорешни признанија за CYBEX YEMA

YEMA е
истотака ДОСТАПНА:

CYBEX Yema

Инспирирана од уметничките ткаенини на интернационалните модни дизајнери, YEMA не само што поставува нови стандарди во функционалноста, оваа колекција на носилки насекаде мами погледи додека пак нејзините скриени функции се фокусирани на дизајнот. Во првите неколку месеци од раѓањето на бебето, физичкиот контакт со него е многу важен. Нашите носилки создаваат совршена конекција меѓу мајката и детето - поттикнувајќи ја близината и чувството на сигурност. Лежејќи на градите, бебето може да го чуе срцебиењето на мајката, исто како и во матката. Допирот со кожата, топлината и мирисот прават детето да се чувствува сигурно и безбедно. YEMA: Производ кој промовира здрав развој и поседува карактеристичен храбар дизајн.

Ергономична
положба

Благодарение на прилагодливиот дел за седење и прилагодливиот наслонн за глава, носилката расте со Важето дете. Погодна е за бебиња од раѓање до две години (приближно 3,5 - 15 кг) и има три позиции на носење: напред, на колк и на грб.

Carry on!

Познат глас, удобна топлина и препознатлив мирис - носилката за бебиња е важна алка во врската помеѓу родителот и бебето уште од раѓање. »Babywearing« развива длабоко чувство на на доверба и го стимулира когнитивниот развој кај детето. Правилното носење на бебето, во положба со раширени нозе, помага да се развијат колковите а Вам ви нуди подвижност и слободни раце за справување со секојдневните обврски од урбаниот живот.

Предна
позиција

Бебињата може да се носат свртени кон градите уште од самото раѓање. Носилката придонесува да бидат во позиција со раширени нозе која помага во правилен развој на колковите.

Позиција
на колк

Кога бебето може да ја држи главата исправена (од околу 3 месеци), може да се носи и странично. Оваа позиција му овозможува да си го потпре главчето на рамото на мајката.

Позиција
на грб

Бебињата со цврсто држење на главата и телото (од околу 6 месеци) можат да се носта на грб. На тој начин родителите полесно се справуваат со тежината на бебето.

Сите функции

YEMA

Ергономично носење од раѓање до проодување (приближно 2 години)

Мулти-функционален наслон за глава и врат за бебиња со различна големина

Ергономично седење благодарение на прилагодливиот панел внатре во појасот

Удобни прерамки со паралелно или накрсно спојување

Декоративен преден дел

100% памук во делот на наслонот за грб

Мек појас околу колкови за удобни и долги прошетки

  1. Мулти-функционален наслон за глава и врат за бебиња со различна големина

  2. Ергономично седење благодарение на прилагодливиот панел внатре во појасот

  3. Удобни прерамки со паралелно или накрсно спојување

  4. Декоративен преден дел

  5. 100% памук во делот на наслонот за грб

  6. Мек појас околу колкови за удобни и долги прошетки

Палета на бои

Носете со Стил!

Носилката за бебиња YEMA, достапна е во прекрасни бои и материјали. Изберете го Вашиот стил!

Leather-Look Stardust BlackStardust BlackMidnight BlueManhattan GreyBirds of ParadiseButterflyKoi

Налик кожа

Leather-Look Stardust Black

Деним

Stardust BlackMidnight BlueManhattan Grey

Модни Колекции

Birds of ParadiseButterflyKoi
Информации и упатство за употреба

YEMA упатство

Од раѓање - приближно 2 години
(приближно 3,5 - 15 кг)
Симнете го упатството

FAQ

Кој тип верификација и сертифицираност ја има YEMA од трети страни?

CYBEX, при развој на YEMA, консултира бројни експерти со цел дизајнот да биде адаптиран на здравјето на детето. Има соработка со сертифицирани професионалци за носење на бебиња како и тестиран прототип од страна на волонтери и тренери. Дополнително, физиотерапевти од Bayreuth, Германија независно ја тестираат YEMA. Во моментов, соработуваме со Интернационалниот Институт за Дисплазија на колкови за сертификација на производот.

Колку широк треба да биде панелот за седење?

Ширината на панелот треба да биде од еднната до другата задна страна на коленото. Бебињата, кога ќе ги легнете на грб, природно ги шират нозете и тогаш можете да ја измерите далечината и да го прилагодите панелот. Како правило од око, ширината на панелот треба да биде приближно колку половина од висината на бебето.

Каде е наслонот за глава?

Наслонот за глава е складиран помеѓу памучниот дел и цврстата, надворешна ткаенина. Лесно се повлекува од горе.

За која возраст е погодна носилката?

Во предна позиција, носилката се употребува од раѓање (3,5 кг). Во позиција на колк може да се употребува кога бебето ќе може само да ја држи главата исправена (од приближно 3 месеци). Позицијата на грб е опција за деца кои имаат добро држење на главата и телото (од некаде 6 месеци). Во сите 3 позиции, предвидено е бебето да биде свртено кон родителот а не кон напред поради 2 причини: на носителот лесно му се достапни функциите на носилката, и таквата позиција е најергономски здрава за детето.

Од која возраст можам да ја применувам предната позиција на носење?

Предна позиција може да се употребува од раѓање (3,5 кг). Во носилката предвидено е бебето да биде свртено кон родителот а не кон напред поради 2 причини: на носителот лесно му се достапни функциите на носилката, и таквата позиција е најергономски здрава за детето.

Од која возраст можам да ја применувам позиција на носење на колк, странично носење?

Страничното носење може да започне кога бебето само ја држи главата исправена (од приближно 3 месеци). Во носилката предвидено е бебето да биде свртено кон родителот а не кон напред поради 2 причини: на носителот лесно му се достапни функциите на носилката, и таквата позиција е најергономски здрава за детето.

Од која возраст може да се носи на грб во носилката?

Позицијата на грб е погодна за деца кои имаат добра контрола на главата и телото - генерално од 6 месеци. Во носилката предвидено е бебето да биде свртено кон родителот а не кон напред, поради 2 причини: на носителот лесно му се достапни функциите на носилката, и таквата позиција е најергономски здрава за детето.

Може ли да го носам детето свртено кон напред?

Носилката не е дизајнирана за носење на бебето свртено кон напред бидејќи тоа не е ергономски препорачливо. Поприродно е кога бебето е свртено кон родителот.