CYBEX Platinum

KOI

Crystal
lized

CYBEX Fashion Collection

Кристализирано. Мир. Сила и Среќа. KOI - Новата модна колекција од CYBEX на колички, седишта и акцесоари е спој на симболизам од подводното животно од Јапонската митологија и state-of-the-art технологија, материјали и изработка. Исто како и подводното животно, модерните родители, благодарение на KOI од CYBEX, одлично можат да се справат со тековите во светските метрополи. Премиум апликацијата и везот на уникатниот рефлектирачки, кристално-сребрен материјал се во совршена хармонија со сите Pret-a-Porter линии. Новите PRIAM, MIOS, Cloud Q и акцесоарите го оживуваат колоритното животно и ја будат фантазијата.

пушти го видеото
CYBEX KOI Collection
CYBEX KOI Collection
CYBEX KOI Collection
Урбана

Улична

Поезија
Напишал ulf lippitz

Нова класа се појави во клучните светски градови - „С(тил) класа“. За оваа група луѓе, еклектични индивидуи, идентитетот не е во потеклото, парите или во имањето диплома од престижен универзитет. Идентитетот е во имањето вкус, стил и начин на живот. Тоа се основните работи по кои се разликуваат. Филозофијата на сопствено мислење, развивана и култивирана низ мноштво културни форми како уметноста, архитектурата и литературата. Тие живеат според мотото: „Облакај се како JFK, говори како Hemingway, работи како Ralph Lauren, забавувај се како Gatsby.“ Овие урбани мажи и жени имаат длабока почит кон културното наследство, тие го почитуваат инди бендот во андерграунд клубот, тие читаат стари книги кои минале низ многу раце и за нив уметноста не е само во музеј - таа може да се најде и на ѕидовите низ градот.

Оваа само-свесна класа го користи интернетот за стекнување знаења. За нив, светските галерии се само на еден клик на Инстаграм. Блоговите за дизајн им нудат поглед на најновите иновации од Токио со Хелсинки и им даваат идеи како да го направат уникатен нивниот простор. И бидејќи сајбер-универзумот е само еден клик оддалечен, изгледа дека немаат потреба да ги напуштаат нивните станови за да бидат во тек со трендовите. Но потребно е повеќе од софа и интернет за да се доживее урбаната поезија во околината. Кафулињата на улиците се музичка бина, улиците се модни писти а кул соседството е продолжеток на дневната соба, преполна со пријатели. Четири клучни градови се задолжени за да го сменат статус кво.

TO
KYO

Посткодот 150-0034 во Токио е еквивалент на 36 дистрикт во Берлин. Тоа е Даиканиама, центарот на стил и дизајн во Јапонскиот главен град. Таму се возат француски и италијански тркачки велосипеди, има многу работилници и студија, и млади дизајнери кои произведуваат џинс по мерка. Во локалните барови, гостите разгледуваат стари магазини а има и неколку модни галерии каде се изложени делата на уметниците во подем. Слаткарници, продавници за плочи, луѓе кои се забавуваат: во Даиканиама нема недостаток од сето ова. Токму затоа сцената во клубот во филмот “Изгубени во преводот“ е снимена токму тука.

PA
RIS

Долго време, Маре беше скриен кварт во градот. Во третиот арондисман, можете да шетате низ тесни улички, лавиринт од улици со многу мали плоштади, арондисман кој со тек на време станува град во градот. Денес, зградите се населени со млади дизајнери, со таканаречените famille-chic, со бизниси на еврејски фамилии, а на приземјето на зградите има безброј коктел барови и мали, интересни продавници за мебел. На север, третиот арондисман се спојува со десетиот арондисман каде има многу ресторани и барови на Saint-Martin каналот. Во лето, стилски облечени групи луѓе уживаат на кејот јадејќи сирења, пиејќи Француски вина и дискутирајќи за најновите фото-сесии.

NEW
YORK

Успешната серија “Girls“ го докажа она што локалните луѓе веќе го знаеја: вистински кул луѓето, како Lena Dunham, го обоија градот во црвено во Bushwick и во Williamsbourg. Бедфорд Авенијата е сѐуште преплавена со тренди стек ресторани, пивници како во Германија и мали кафулиња. Во ова соседство имате чувство дека сте застанати во редица пред клубот Berghain во Берлин - има толку многу луѓе со уникатни принтови на маиците, тетоважи и средени бради.

BER
LIN

Во Mitte и Prenzlauer Berg, се сретнуваат трендсетери од Италија, Америка, Австралија и Израел со Германци од Фризиски Острови, Швабија и Саксонија, за да работат на нови, иновативни идеи. Сите комуницираат на англиски, глобалниот јазик кој го обединува светот. Тука, автентичниот мултикултурен живот се среќава со креативноста. Овој брак на идеи се шири од вегански блогови за храна до авангардни улични продавници со германски винтиџ дизајн. Не сме изненадени што во триаголникот помеѓу Oranien­straße, Landwehrkanal и Sonnenallee, има многу повеќе кафулиња од супермаркети. Поранешната работничка област стана вистински стилски кварт.

Боемски

Елеганција

Ново дизајнирана урбана мобилност

Истакнете
се

Видете и бидете видени: одејќи, буткајќи количка и позирајќи. Денес, количката не претставува само комодитет во пренесување на децата од едно до друго место. Напротив, таа е израз на стил. Тоа е статусен симбол на интеркултурните Боеми кои повеќе сакаат да го минат нивното слободно време во кафуле отколку да се занимаваат со некоја комплицирана количка. Во време кога сѐ се случува толку брзо, новиот MIOS се јавува како елегантна врска меѓу урбаноста и мобилноста. Ова се стории на Боемите кои го живеат животот како што сакаат, дури и со деца, секогаш верни на мотото „Истакни се“

Танц
на улица

„Се што ни треба е музика. Да танцуваме низ улиците!“ Гласно, колоритно, со живост - да го поминеме попладнето шетајќи по винтиџ продавниците или пак навечер на по некој пијалок со пријателите. Тие се млади. Тие се енергични. Тие се препуштаат на моментот. Со Дејвид Боуви на слушалките и прекрасен ритам, тие танцуваат по улиците. Ништо не може да ги сопре. Со или без детето. Секогаш верни на мотото “Моментот е сега!“

Истакнете
се

Артистот Erwin Wurm рекол, „Хуморот е оружје.“ Немојте да сте посериозни од потребното. Живејте го животот безгрижно. Боемското savoir-vivre значи прошетки во срцето на најпопуларните градови, минување низ најимпресивните глетки на патот кон изложбата на некој тренди уметник. Следејќи го патот на модерната уметност MIOS совршено се адаптира на околината. Дали се работи за тесни премини или пак мазни подови во некоја галерија, урбаниот херој без проблем ја минува секоја пречка - како и неговите сопственици.

За секогаш
сега

Karl Lagerfeld вели: „Нема бегање од модата. Дури кога и модерното не е веќе модерно, пак станува модерно“. Безвременскиот стил целосно е вграден во MIOS. Долготрајна елеганција која ги остава зад себе кратките модни трендови. Стилот е начин на однесување и како одбираме да го живееме животот. Боемската елеганција произлегува од имплицитноста на овој луксузен начин на живот. Било да се работи за музика, уметност или мода, сите елементи на еден изразен животен стил се спојуваат и формираат совршена слика. Тоа е славње на моментот, авангардна хармонија помеѓу различните светови.

CYBEX KOI Collection
CYBEX KOI Collection

Акцесоари

CYBEX

Newsletter

Бидете во тек со Cybex семејството